Федерација на фармерите на Република Македонија

Производство на квалитетен расад за домати

rasad_domati1За успешно производство и постигнување на високи приноси кај доматот, основен предуслов е производство на квалитетен расад. Во многу земји постојат специјализирани претпријатија кои исклучително се занимаваат со производство на расад. И покрај тоа што кај нас многумина се обидоа да се занимаваат со оваа дејност, се уште се нема постигнато видлив резултат - производство на големо количество квалитетен и здрав расад.

Имено, условите што треба да се запазат во текот на производството на расад се следните:

Светлината - ако ја нема доволно, нема да има фотосинтеза. Во раното производство и раната сеидба секогаш има недостиг на светлина и затоа се појавува издолжување на расадот. Проблем се појавува и кога меѓусебно се засенчуваат растенијата при што е потребно навремено пикирање или раздалечување на саксиите една од друга, во зависност од просторот со кој располагаме. Многу е важно секое растение во расадопроизводството да има доволно простор за вегетација. Мораме да напоменеме дека во практиката многу често се среќава употреба на извалкана, нечиста фолија којаrasad_domati3 не пропушта доволно светлина и таквата фолија треба да се исфрли или да се избегнува нејзината употреба.

Температурата е еден од главните фактори за производство на расад уште од самиот почеток. Секое отстапување, било минусно или во позитива, доведува до бавно 'ртење и никнување. Кај голем дел од растенијата во расадо -  производството температурата од 25°С се смета за идеална.

Кај доматите, температурата во фазата на 'ртење треба да биде минимум 11°С и оптимална 25°С (16-29), а максималната З0°С. Нашите производители најчесто грешат во првата фаза на производството ('ртењето и никнувањето, поради лошото регулирање на температурниот режим). За таа цел мора да се има термометри кои ја мерат минималната, максималната и моменталната температура, како и термометар за мерење на температурата на почвата. На тој начин ќе може да се следи температурата во секое време и навремено да се преземат потребните мерки за отстранување на негативностите.

Влагата, исто така, има големо значење во производството на расадот. Не треба да има
големо отстапување од средината каде што се одгледува расадот. Во практиката идеална температура е 25°С. Поради превентива од болести по поникнувањето, влагата на воздухот треба да биде 75-80%. Готовиот супстрат што се користи во производството на расадот е лесен, не содржи патогени, има регулирана рН вредност - киселост. Го има регулирано водно-воздушниот режим и има доволно храна за фазата во којашто се наоѓа.

Подготовка на супстрат од почва која не е испитана лабораториски не се препорачува. Таквиот супстрат може да содржи патогени, да има недостиг или вишок на храна што е многу опасно и овде имаме нерегулирана рН вредност.

Во текот на одгледувањето на расадот, големо внимание треба да се обрне на температурата на супстратот која треба да биде околу 25°С. По никнувањето, rasad_domati2температурата треба да се намали на минимума на воздухот 14-18°С (ноќната може да биде за некој степен пониска), со цел да се спречи издолжувањето на расадот. Кога има помалку светлина, многу важен фактор во производството на расадот од домати е температурата да биде пониска и обратно. За добар развој на кореновиот систем, температурата на супстратот не треба да биде под 14-15°С.

Наводнувањето треба да се врши со помали количества вода, но почесто. Ако има поголема влажност, треба со проветрување да се намали влажноста бидејќи преголемата влажност може да доведе и до уништување на расадот.

Пикирање - расадот кој е подготвен за пикирање треба да се пикира во саксии со поголема зафатнина или контејнери со поголеми отвори на ќелиите. Обично се отпочнува со пикирање кога листовите почнуваат да се прилепуваат или расадот има најмалку два прави листа. Најдобро се пикира кога супстратот во контејнерите има умерена влажност. По пикирањето расадот добро се залева и понатаму се одржува на пропишаната температура. Во текот на одгледувањето, расадот треба редовно да се заштитува. Во контролирани услови на одгледување треба да се направи следното:

  • Контејнерите, ако се користени, да се потопат во 10% „варикина" заради дезинфекција;
  • Доколку се користи не дезинфициран супстрат, се препорачува залевање со препаратот Signum 0,1% или со Acrobat MZ 0,2%;
  • По добивањето на првиот пар листови, добро да се полие со Previcur energy (20-25 мл на 10 л вода);
  • По една недела да се третира преку листот или фолијарно со препарат на база на Mankozeb, а ако има појава на инсекти, да се додаде и инсектицид;
  • Извесно време пред изнесувањето на расадот на постојано место да се полие повторно со Signum 0,1% или со Previcur energy во пропишаното количество;
  • За контрола на почвата од земјишни инсекти треба да се користи почвениот инсектицид Dursban G-5.

Пред употребата на пестицидите, производителот задолжително треба да се консултира со стручно лице од кое ќе добие совет за начинот на кој треба да изврши заштита или како превентивнода го користи препаратот

AddThis Social Bookmark Button

Слични артикли:


Brosura_CBC_IPA_MKAL_Page_01

Најдобри во агрокомплексот

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер