|
JCal Pro Mini-calendar |
 |
јули 2009 |
 |
|
|
|
Временски услови |
| Скопје: |  | 22°C 1009mb |
| Битола: |  | 19°C 1010mb |
| Кочани: |  | 22°C 1009mb |
| Струмица: |  | 22°C 1009mb |
| Гостивар: |  | 19°C 1010mb |
|
|
|
Почетна
Почетна
ОГЛАС ЗА РАБОТНО МЕСТО КОРДИНАТОР И СОВЕТНИК ЗА ЧЛЕНСТВО
Федерација на фармери на Република Македонија распишува оглас за работно место еден координатор на регионалната канцеларија на ФФРМ во Битола и советник за членство во регионалната канцеларија во Гостивар.
Координаторот на регионална канцеларија потребно е да ги има следните способности:
- тригодишно искуство со здруженија и невладини организации
- способност за планирање и организација
- познавање на англиски јазик и компјутери
- соодветно образование
- комуникативна личност способна за тимска работа
Предност ќе имаат кандидатите од Прилепскиот регион.
Главни обврски
- организација на тимот
- подготовка на планови
- комуникација со фармери и здруженија на земјоделци
Советник за членство во Гостивар потребно е да ги има следните способности:
- искуство со земјоделски здруженија
- познавање на англиски јазик и компјутери
- соодветно образование
- комуникативна личност способна за тимска работа
Предност ќе имаат кандидатите од Струшкиот регион
Главни задолженија
-работа и комуникација со земјоделски здруженија
Кандидатите треба да достават CV на адреса Гиго Михајловски 3,1000 Скопје Р. Македонија или на меил:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
најкасно до 29.06.2009. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Некомплетираните документи и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
|
|
|
Земјоделци од Косово во посета на РЦ Струмица |
|
Во дводневна посета на РЦ Струмица беа претставници од Иницијативата за развој на земјоделието во Косово, а со цел да ја продлабочат и зацврстат веќе отпочнатата соработка со Федерацијата на Фармери во Република Македонија, која што претставува нивен водич во оформувањето и развојот на една ваква сестринска организација и на територијата на Косово.
Овој пат посетители беа градинарите од Косово кои што сакаа да го разменат своето искуство, но и да воспостават врски кои што во иднина би им помогнале во развојот и напредокот на нивното градинарство користејќи ги позитивните примери од Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Средба ФФРМ и стечајниот управник Богољуб Макревски |
|

Фармерите да го пријават долгот од „Сведмилк“ до 12 јули Преставници од Федерација на фармери на Република Македонија остварија средба со стечајниот управник на „Сведмилк“, Богољуб Макревски, кој ги информира за начинот на пријавување на долгот за неисплатено млеко. Фармерите треба да го пријават својот долг на адреса ул. „Демир Трајков“,бр. 32Б, Скопје. Пријавувањето започнува од 12 јуни, кога е објавена информацијата во службен весник и ќе трае 30 дена. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Семинар за промоција на прекуграничната соработка |
|
Во хотелот Дрим, во Струга на ден 15.06.2009 година се одржа семинар на кој што беше промовирана втората компонента од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА) која што се однесува на прекуграничната соработка, конкретно во овој регион прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија.
На семинарот беа присутни претставници од сите владини и невладини организации во Република Македонија кои се засегнати токму со оваа компонента, вклучувајќи ја тука и Федерацијата на Фармерите во Република Македонија, а исто така имаше гости, претставници на организации и здруженија на граѓани од соседна Република Албанија, односно од оние региони кои согласно Европската Комисија се сметаат за погодни за остварување на прекуграничната соработка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Сложни и горди земјоделци |
За состојбите во аграрот
Можеби оваа кризна година конечно ќе не свести сите, земјоделците, трговците,преработувачите, институциите, дека мора да соработуваме, да се почитуваме, да си веруваме и да си помагаме, во интерес на сите
Ѓоко Данаилов
(Колумна во Дневник, 13.06.2009) Македонија е држава која е позната во светот по својата добра храна и одличните услови за развојна земјоделството. Отсекогаш тука населението се занимавало со земјоделство, кое било основната егзистенција. Европската Унија постојано апелира да се развиваме на ова поле. Крајно време е оваа порака да се сфати сериозно. И покрај тоа што земјоделството е еден од ретките сектори во Македонија, и може да се пофали со добро производство, кое во голем дел е извозно ориентирано, сепак земјоделецот се' уште оди од култура до култура, од еден откупен пункт до друг, барајќи го своето „место под сонцето“ иако тоа секојдневно и немилосрдно го пече.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Влијанието на климатските промени во земјоделството
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во својата Национална стратегија за земјоделство и рурален развој мора да вметне мерки за заштита на аграрот од климатските промени. Потребно е да се направат дополнителни истражувања за земјоделски видови и сорти, како и за сточарството кои позитвно ќе влијаат на климата и ќе ги ублажат климатските промени. Треба да се организираат обуки за фармерите како да го прилагодат своето производство на климатските услови и да се организираат и други конференции на тема климатски промени и земјоделството. Ова се заклучоците Конференција „Влијанието на климатските промени врз земјоделството“, организирана од Федерација на фармери на Р. Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Посета на делегација на земјоделци од Косово |
|
Во периодот од 28 до 30 мај 2009 година во посетa на Федерацијата на Фармери во Република Македонија беше делегација на земјоделци и фармери од Косово. Целта на нивната посета беше одблиску да се запознаат со работата и начинот на функционирање на ФФРМ како организација, а во насока на стекнување на соодветно искуство кое ќе им помогне при градењето на една ваква слична организација на земјоделци во Косово.
Во текот на нивниот престој во Македонија, косовските претставници на земјоделците и фармерите имаа можност да ја посетат Главната Канцеларија на ФФРМ каде што од страна на извршниот директор на ФФРМ, г-динот Трајан Димковски детално им беше презентирана организационата структура на ФФРМ, а беа запознаени и со ФФРМ-Медија, односно фирмата во рамките на ФФРМ која го издава двојазичното списание “Моја Земја“ и “Toka Ime“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 12 од 99 |
|
|
|
Пребарувач низ веб порталот |
|
|
|
|